За нашите комшии

Приказнава ми се има случено мене лично.

 Скопје 2 октомври 1992

Тргнуваме за на аеродром во Софија,Бугарија

Во 01:00 после полноќ стигнувам на бугарската граница во автобус за 50 патници(не беше полн автобусот можеби 20 до 30 патника) и прв слегувам од автобусот.

Излегов и малку се растегнав од згрченоста при возењето. 

По некое време се вратив во автобусот.

Не поминаа ни 5 мин. шоферот на автобусот ми се обрати и ми рече дека заради мене,доколку не му купам штека цигари од блискиот фри шоп на еден пијан бугарски цариник авобусот со сите патници ќе стои на граница до сабајле.

Реков да ја средиме работата за 20 марки.Му ги дадов парите на возачот и чекав(ме) половина час за да можеме да продолжиме со патувањето во Софија.

Кога утрото стигнавме во Софија јас слегов скоро пред хотелот Шератон.

Со мојата патна торба и 5000 ДМ во џеб тргнав накај хотелот но за тоа требаше да слезам по едни скали за да потоа излезам од другата страна каде се наогаше хотелот.

Слегувајќи по скалите и одејќи по ходникот за да излезам надвор на улицата ми се приближија 3 момчиња кои инсистираа да разменам некоја пара.

Откако ги пресметав сите можни ризици кон мене веднаш решив да ми разменат 10 марки.

Ми дадоа левови со ластиче.Го зедов и одма излегов пред хотел Шератон во Софија.

Пред да влезам,одкако го тргнав ластичето од парите ??  видов дека сум вешто измамен.

Другите банкноти беа само обични лифчиња.

Среќен што изгубив само 10 германски марки,(можев да изгубам се дури и животот) решив да појадувам во Шератон бидејќи летот за Лондон ми беше за 5 сати.

Се обратив на рецепција и прашав каде има менувачница.

Ми покажаа,разменив 20 марки и се упатив во ресторант за да појадувам.

Додека појадував во ресторанот на соседната маса приметив загрижен човек на сегашни мои години со бај пас на срце,по потекло од Охрид но со стално живеалиште во Хелсинки.

Ми раскажа како изгубил 30 марки на исти начин како што бев зафркнат јас за 10.

Одкако разговаравме  се поздравивме.

Двајца охриѓани се сретнуваат во Софија.

Едниот т.с. јас летам за Лондон додека мојот нов пријател во Хелсинки.

Е па тоа ми се случи во нашето соседството.

Ви кажувам како беше и какви беа тогаш.

Можеби сега не се.

Но ви кажав какви се. 


П.С. Во некоја друга пригода ќе ви раскажам како тие истите комшии на аеродромот во Софија по моето враќање од Англија ми ги украдоа сите подароци кои ги имав купено за татко ми,мајка ми и сестра ми.

 


 


Comments