Моето правило на 72 часови
Кога сум во ситуација или имам предизвик пред себе си, тогаш со мојата сопруга разговарам за проблемот и секој од нас зазема свое мислење.
Ги презентираме различните гледишта на кој начин ќе се соочиме со проблемите, предизвиците и искушенијата и донесуваме сопствени заклучоци.
Наредните 24 часа одкога ќе одмориме дискусијата околу темата како понатаму во решавањето на поставената ситуација продолжува, и со несмален интензитет се презентираат сите можни опциии и планови во контекст на донесување на најправилно решение или одлука (барем така мислиме во овие 48 часа) за настанатиот проблем кој бара решение и одлука.
После одморот во ноќта следуваат последните дискусии за завземените ставови околу тоа како треба да се постапи и да се донесе конечната одлука за изнаоѓање решение за настанатиот проблем.
Конечната одлука или решение го донесуваме после 72 часа темелна разработка на сите можни планови и опции околу изградба на ставот кон одредените работи кои треба да се превземат за да се изнајде најдоброто решение за решавањето на здравствените предизвиците кои ни се наметнуваат и тоа од бизнис природа,здравствен карактеркако и безобразлук од поединци и нелуѓе.
Comments
Post a Comment